Во изминатите четири години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените четири нови градинки. Овие градинки беа прв приоритет во програмата на Муцунски и Митески, со кои ја бараа довербата на граѓаните – нови објекти во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче. Четири години подоцна, резултатот е јасен: ниту една од овие ветени градинки не е изградена“, велат од СДСМ како реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, градоначалникот „Митески по стапките на Муцунски пред граѓаните настапува со поголема лага: дека ќе изгради 5 нови градинки“. Од СДСМ тврдат дека над 700 деца секоја година остануваат на листа за чекање поради недостиг на капацитети.
-Затоа го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески и неговиот претходник Муцунски: Каде е ветената градинка кај ОУ „Браќа Миладиновци“? Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески“? Каде е ветената градинка кај последна 17-ка на Тодор Чангов? Каде е ветената градинка во Долно Лисиче, стои во партиското соопштение.