СДСМ: Мицкоски е опасен по здравјето на граѓаните

од Берта Китинска
158 прегледи

Политичкиот пироман Христијан Мицкоски наместо да повика на строго почитување на новите мерки за заштита на граѓаните и масовна имунизација упорно застанува против мерките со што нанесува директна штета на здравјето на граѓаните, стои во денешното соопштение од СДСМ.

-Ниту една опозиција не делува толку деструктивно, како тоа што го прави Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Од самиот почеток на кризата, Мицкоски презема нечесни чекори за да го поткопа здравствениот систем, да поттикне непочитување на мерките.Граѓаните не заборавија дека токму Мицкоски бесрамно лажеше дека нема доволно тестови, дека нема опрема, дека немаме капацитет да се справиме со вирусот, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека Мицкоски буквално ги исфрла сите свои фрустрации врз граѓаните, врз институциите, врз државата.

-Со својата деструктивност и неодговорност Христијан Мицкоски претставува најголема опасност по здравјето на граѓаните.Зголемениот раст на новозаразени од Ковид-19 повикува на одговорност и разум од секој поединец, а кај Мицкоски ги нема ниту едното ниту другото.Овие сериозни недостатоци Мицкоски го прават политички и медицински пироман.Од исклучителна важност е почитувањето на мерките и што повеќе граѓани да се вакцинираат во овој период. Не наседнувајте на дезинформациските кампањи кои ги пласираат неодговорните политичари.

Вакцините се најефикасна алатка за справување со пандемијата. Тие штитат од сите форми на вирусот, а мерките се неопходни за заштита на граѓаните и колективното здравје. Затоа и се применуваат во многу други земји ширум светот, велат од СДСМ.