Вториот концепт е оној на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се противат на членството во ЕУ.Христијан Мицкоски е против ЕУ. Тоа досега многупати го докажал со своето анти европско однесување на штета на државните и национални интереси на граѓаните, велат од СДСМ.
Сите лаги на Христијан Мицкоски досега потонаа во вода.
-Ги лажеше граѓаните, создаваше тензии, блокади, измислуваше наводна бугаризација, асимилација доколку почнеме преговори со ЕУ.Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет.Последна потврда за ова е договорот Фронтекс кој ќе биде потпишан на чист македонски јазик, без фусноти и додавки.Уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство.Најдобро за Мицкоски е да не измислува нови лаги. Впрочем, никој не му верува на Мицкоски, се наведува во реакцијата на СДСМ откако денеска лидерот на опозицијата побара од Брисел гаранции за влез Во ЕУ.