СДСМ: Мицкоски е тој кој оди по амбасади и цимоли да се одмрзне имотот на криминалната ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
157 прегледи

Освен по деструкциите, Христијан Мицкоски е познат по ширењето лажни вести, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека вистината е дека Мицкоски е тој кој оди по амбасади.

-Оди по амбасади плаче и цимоли да се одмрзне имотот на неговата криминална партија, замрзнат во судскиот предмет „Талир“ но и да бара ослободување на неговите партиски соработници од судските обвиненија и пресуди.Мицкоски е очаен што не успеваат неговите блокади на Собранието, очаен е што неговите градоначалници се прочитани од граѓаните а истовремено е исплашен за сопствената фотелја во белиот дворец, посочуваат од владејачката партија.