СДСМ: Мицкоски е уплашен за својата фотелја во Белиот дворец, затоа си нарачува анкети со штелувани резултати

од Vladimir Zorba
182 прегледи

„На Христијан Мицкоски му пропаднаа сите лаги, сите блокади, сите обиди за насилни и крвави сценарија. Заради лична корист, Мицкоски ги лажеше граѓаните, ги лажеше своите коалициски партнери, го лажеше и своето членство, го повикуваше на протести на кои ниту самиот тој не се појавуваше“, реагираат од СДСМ на соопштението на опозициската партија.

„Откако беше прочитан, Мицкоски остана сам и изолиран со поддршка единствено од Левица и Димитар Апасиев.

По сите порази, Мицкоски е уплашен за својата фотелја во Белиот дворец, затоа си нарачува анкети со штелувани резултати, во кои не верува ниту членството на ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова е веќе видено, скогаш кога на Мицкоски му се ниша фотелјата, тој нарачува анкети за да му го држат стравот.

Ниту една фингирана анкета не го сокрива фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против граѓаните, против државните и националните интереси“, додаваат оттаму.