СДСМ: Мицкоски и Апасиев загубија на изборите и добија шамар од граѓаните

од Vladimir Zorba
193 прегледи

„Двете лица на антиевропската коалиција, партнерите Мицкоски и Апасиев никаде ги нема со денови откако загубија на вонредните локални избори“, соопштуваат утрово од СДСМ.

„Не се јавуваат ниту на социјалните медиуми, по шамарот што го добија од граѓаните, кои им упатија јасна и недвосмислена порака дека се против блокади и деструкции, дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности.

Не знаат како да објаснат дека доживеаја дебакл на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на партијата е Ковачевски.

Не знаат да објаснат како тоа во три општини не усепаја да освојат ниту половина од гласовите кои ги освои СДСМ.

Не знаат како да објаснат дека сите нарачани анкети на ВМРО-ДПМНЕ се лажни и неточни.

Затоа Мицкоски и Апасиев со денови никаде ги нема“, велат од Бихаќка.

Слични содржини