СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги кочат сите напори за справување со корона-кризата

од Vladimir Zorba

„Кога пандемијата со коронавирусот е во полн налет, бројот на инфицирани расте, болничките капацитети се полнат, а здравствените работници се преморени, важно е сите да ги почитуваме мерките за заштита на сопственото и на јавното здравје“, соопштуваат денеска од СДСМ.

„Само со почитување на мерките, носење маска во затворени простори каде што може да се соберат повеќе лица во исто време и на отворен простор, држење дистанца, миење и дезинфекција на рацете и избегнување на групирање може да очекуваме намалување на бројките.

Во мерките против коронавирусот спаѓа и забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот и затворање на угостителските објекти во 23 часот. Исто така, преполовен е капацитетот на патници во јавниот превоз и важи препораката, ако е можно да се работи од дома, онлајн.

Самоизолација од моментот на закажување на тестот до добивање на резултатот е задолжителна, а во случај тестот да биде позитивен на вирусот ковид-19, лицето останува во изолација.

Инспекциските служби имаат поголеми ингеренции, а непочитувањето на мерките се казнува.

Овие мерки стапија на сила, откако парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и покрај опструкциите и одолговлекувањето од ВМРО-ДПМНЕ ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неконструктивно и ги кочат, опструираат и критикуваат сите напори за справување со коронакризата, а сега организираат масовни собири, на кои се кршат мерките за заштита и го доведуваат во опасност јавното здравје.

Граѓаните знаат дека сега е неопходно сите да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, само така заедно можеме да го намалиме ширењето на вирусот и да го заштитиме јавното здравје“, додаваат оттаму.

loading...

Слични содржини