СДСМ: Мицкоски за советувањата на Груевски добил речиси два милиони денари

од desk2
105 прегледи

Од владејачката СДСМ, денеска тврдат дека лидерот на ВМРИ-ДПМНЕ Христијан Мицкоски лаже,  дека за периодот додека го советувал Никола Груевски не добивал пари.

„Јавно објавените документи во медиумите покажуваат дека додека Мицкоски му бил советник на Груевски, за неговиот ангажман граѓаните платиле речиси 2 милиони денари. Се потврди она што граѓаните веќе го знаеја. Христијан Мицкоски ги лаже граѓаните исто како и Никола Груевски“, велат од партијата.

Сметаат и дека затоа Мицкоски го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и не се извинил за пустошот што и го направија на Македонија во изминатите 11 години.