СДСМ: Мнозинската волја ќе се испочитува според уставот и деловникот

од desk2
87 прегледи
Демократските процеси ќе продолжат и мора да се овозможи мирен трансфер на власта според мнозинската волја на граѓаните. Спречувањето на мнозинската волја оди на штета на сите граѓани, на штета на државата и институциите. ВМРО-ДПМНЕ не смее да ја држи државата во заложништво само за да спаси неколку криминалци- се вели во соопштението на СДСМ.
Оттаму велат дека мнозинската волја ќе се испочитува според уставот, деловникот на Собранието и законите. Македонија ќе добие легитимен претседател на Собранието, функционално Собрание и реформска влада посветена на интересите на граѓаните на Р. Македонија.