СДСМ му даде рок на Гаши за да ја свика комисиската седница за Законот за бранители

од Nikola Popovski
158 прегледи

Пратеникот од СДСМ, Јован Митрески денеска доставил допис до претседателот на Собранието, Африм Гаши да ја задолжи Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да свика седница на која ќе се толкува примената на членот 126, став 3 од Деловникот, во однос на предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили.

-Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски поднесе барање до претседателот на Собранието дали и кога ќе ја свика седницата на Комисијата за разгледува на овој закон, по ист терк како што беше свикана Комисијата за финансирање и буџет. До овој момент нема одговор и најверојатно нема ни да има. Ако се сигурни и ако спикерот Гаши е сигурен во неговото образложение, барам да се свика надлежната Комисија и таму да ги судриме аргументите. Ова е шанса и за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да докажат дека реално се залагаат за решавање на проблемот, а нивната заложба не е само декларативна, истакна Митрески на прес-конференција во Собранието.

Пратеникот истакна и дека би причекале „разумен период – до крајот на неделава“, пред да преземат понатамошни чекори, доколку Гаши не ја свика седницата.

Слични содржини