СДСМ му даде рок од 24 часа на Тошковски да ја каже вистината за бегството на Груби

од Nikola Popovski
27 прегледи

Доколку министерот Панче Тошковски не излезе во рок од 24 часа да ја каже вистината за бегството на екс-вицепремиеорт Артан Груби, тогаш СДСМ ќе го открие скандалот во целост – вака порачаа попладнево од партијата од „Бихаќка“.

Според партијата на Венко Филипче, ова е скандал од огромни размери, а информациите кои стигаат до нив, велат дека секој ден се се позагрижувачки.

-СДСМ отворено се сомнева дека бегството на Груби не е никаков пропуст, туку станува збор за добро оранизирана работа од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со Тошковски на чело да се пушти Груби да избега, стои во партиското соопштение.

Во однос на значењето на т.н. „стоп листа“, од МВР велат дека истата сигнализира дека одреденото лице не смее ја премине државната граница. МВР, согласно закон, има право да става лица на т.н. „стоп листа“ и без наредба од ОЈО.

Под законски акти и правилници на МВР се сива зона за делување на полицијата, кога и како да задржи одредено лице. Според професорот од Правниот факултет, Гордан Калајџиев, да се задржи Груби на граница без судска наредба е во спротивност со Уставот и Законот за кривична постапка.

СДСМ пак велат, полицаецот кој го пропуштил екс-вицепремиерот на Блаце е избор на министерот Тошковски, бидејќи на преминот работел откако Тошковски е министер за внатрешни работи.

ДУИ порачуваат дека во мај предложиле и закон со ограничувања за лицата ставени на црната листа на САД, но законот не бил прифатен.

„Овој закон имаше за цел да ги спречи овие лица да учествуваат на избори и во процесите на јавни набавки – важен чекор за заштита на демократските процеси и јавната доверба.сепак, последните настани донесоа бран политички напади кон Демократската унија за интеграција, при што одредени политички актери се обидуваат да ја искористат ситуацијата за свои цели“, велат од партијата на интегративците.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Груби да не бега и да се врати во Македонија за да докажел, како што велат, колку е чист како солза. Им порачаа на СДСМ дека сакаат да ја дефокусираат јавноста и не се оградуваат од поранешниот член на претходната Влада.

Слични содржини