СДСМ: МВР гони млади кои пишуваат на Фесјбук и бараат одговорност и неселективна правда за Кочани

од Nikola Popovski
61 прегледи

СДСМ денеска обвини дека МВР поднесува кривични пријави против граѓани за објави на Фејсбук кои јавно бараат правда и неселективна истрага зза трагедијата во Кочани. Дури и на младите, како што вели портпаролката на партијата, кои протестираа во Кочани и го изразуваа својот револт за загубените животи на нивните другари и другарки МВР им поднела кривични пријави.

-Дали МВР смета дека на овој начин некој треба да биде замолчен? Слободата на говор не е закана за истрагата. Младите не се непријатели – тие се совеста на ова општество. СДСМ бара од МВР веднаш да престане со притисоци и гонење на граѓани поради ставови и јавно изразено мислење, рече денеска меѓу другото Богданка Кузеска.

Во неделата во Кочани во „Паркот на револуцијата“ во 15 часот и 59 минути се одржа закажаниот протестен собир под мотото „Ваш профит – наши животи“. Присутните меѓу кои имаше роднини и пријатели на починатите во трагичниот пожар, како и на лицата од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“, наместо планираниот марш, останаа на собирното место и им оддадоа почит на сите кои настрадаа. Наместо говор, ипратија писмено известување до јавноста.

-И во овие болни мигови, некој успеа да го подели народот. Јавно демантираме дека закажаниот протестен марш со мото „Ваш профит – наши животи“ е марш само за обезбедувањето! Сите ние имаме повредени или загинати роднини и пријатели! Сите мирни собири до сега беа за правда за прерано изгубените животи, за подршка на семејствата на повредените деца и за неправедно приведените членови за обезбедувањето. Револтирани сме сите од овој гнил систем! Стоп за селективна правда, се наведува во писменото известување.

Пред неколку дена, кочанскиот независен советник, Венко Крстевски порача дека неговиот град е „пуштен низ вода“.  Тврди дека по оставката на сега веќе поранешниот градоначалник Љупчо Папазов, може да се очекува наскоро блокади на институциите во нормалното функционирање, затоа што, според него, нема да има плата за пожарникарите, градинките, училиштата, библиотеката, нема трансфер на средства за КЈП Водовод по основ на програми, нема исплата на обврски спрема добавувачи, нема исплата кон спортски друштва и здруженија на граѓани…

Името на Крстевски се споменуваше во дел од јавноста како можен нов в.д. градоначалник на Кочани.

Слични содржини