СДСМ: На дел од производите кои се објавија во новогодишната кошничка, во изминатите денови цените им се зголемија

од Nikola Popovski
39 прегледи

СДСМ ја критикува власта дека им остава време на трговците да ги покачат цените и тврдат дека граѓаните немаат големо фајде од мерките преку кошничките. Според најголемата опозициска партија, политиките на Владата со договарање цени за т.н. „новогодишна кошничка“ нема да имаат посакуван ефект и нема реално да ги намалат високите цени.

-На дел од производите кои се објавија во оваа кошничка во изминатите донови цените им се зголемија, особено на млечните производи. Таков простор за покачување на цените имаат трговците и наредните денови до 15 декември. Така да ако потоа се намалат на истото ниво тоа не значи повеќе пари за граѓаните, туку класична манипулација а ефектот за џебот на народот е нула.

Понатаму, на граѓаните им се потребни мерки за трајно намалување на трошоците а не само на краток период, посочуваат од СДСМ.

Од „Бихаќка“ се децидни дека решението е во укинување на ДДВ на храната.

Празниците се ближат, па оттаму објавена е новогодишната кошничка. Во договор помеѓу Владата и 60 компании се донесе одлука за намалување на цените за новогодишната потрошувачка кошничка, а со тоа се подобрува стандардот на граѓаните. Имено, во период од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година граѓаните имаат можност да купат 675 различни производи по ниски цени. Треба да поевтинат за 10 насто и повеќе, велат од Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека инспекторите ќе бидат на терен. Повика трговците да постапуваат етички, во спротивно има механизми да се спречи изигрување на мерката. Граѓаните скептични, велат, во меѓувреме цените на основните производи се доста покачени.

Слични содржини