СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ за пожарите виновни им се скакулците, кравите, Заев…

од Nikola Popovski
12 прегледи

„Додека државата буквално гори, додека македонските шуми, пасишта, полиња се претвораат во пепел, ВМРО-ДПМНЕ штанца лаги од белата палата. Прво беа скакулците криви, кравите, СДСМ, Заев, утре ќе измислат некој друг. Очајни, бедни обиди за дефокус и тоа со истиот лик Миле Лефков“, велат од СДСМ по обвинувањата дека човек близок до екс-премиерот Зоран Заев бил фатен како намерно потпалува пожар во струмичко.

СДСМ ги повтори зборовите на Заев дека „лицето што го споменуваат од ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил личен шофер на екс-премиерот ниту пак телохранител“.

-Единствени виновни за пожарите се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се неспособни. Изгоре над 20% од територијата на државата. Нема нови возила, нема опрема, нема пожарникари, нема авиони. Има само лаги, прес-конференции и луксузни патувања.

Додека пожарите јадат шуми и домови, тие трошат народни пари на морски плодови, егзотично овошје и приватни авиони. Додека граѓаните гасат пожари со кофи и лопати, владата на ВМРО-ДПМНЕ троши милиони на телефони, ама нема денар за спасување животи и имот, стои во партиското соопштение.

Полицијата продолжува со истрагата, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава за предизвикување опасност по животната средина.

Од МВР информираат дека од почетокот на оперативната акција „ Пожар 2025“ во април годинава до 24 јули, приведени се вкупно 27 луѓе. Од нив 4 се во април, а останатите се приведени во јули. Полицијата до Обвинителството поднела 19 кривични пријави за 22 осомничени.

Слични содржини