Над 100.000 граѓани на Скопје, од Аеродром, Гази Баба, со месеци се заложници на хировите на градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Мостот на булеварот АСНОМ кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба се уште не е во функција, обвини денеска советничката во Град Скопје од редовите на СДСМ, Рената Јајоска.
Од СДСМ прашуваат „дали причината за неотварањето е тоа што мостот е на проект на претходниот градоначалник?“.
-Или можеби фактот што Арсовска најави дека ќе ги прекине проектот па по притисок на јавноста сепак го продолжи? Граѓаните не заслужуваат ваков арогантен, недоговорен однос од страна на Данела Арсовска. Арсовска треба да ја надмине својата суета, бидејќи се работи за голем и значаен проект за граѓаните, истакна Јајоска.