СДСМ: Над 150 дивоградби во Чаир – до кога Мицкоски ќе коленичи пред ВЛЕН?

од Nikola Popovski
47 прегледи

Повеќе од 150 дивоградби се пријавени во Чаир, со објавени докази за незаконска градба без дозволи, без основни стандарди за безбедност и со сомнителни приклучоци во мрежата на ЕВН. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не преземаат ништо, напротив ја штитат урбана мафија, порачаа денеска од СДСМ.

Во исто време, според партијата, во Македонска Каменица, МВР поднесува кривична пријава против граѓанин кој го реновирал сопствениот покрив.

-Еден покрив – кривична пријава. 150 дивоградби – ништо. Тоа е жив доказ за селективната правда и за политичката заштита на урбаната мафија, особено кога е поврзана со коалициските партнери на власта. Зошто премиерот Христијан Мицкоски молчи? До кога ќе коленичи пред ВЛЕН? Дали и тој е влезен во криминалната шема, прашуваат од „Бихаќка“ и бараат итна истрага и одговорност за сите вклучени.

Основното јавно обвинителство Скопје ја започна првата официјална постапка по пријава за фалсификувани документи поврзани со градби во Општина Чаир, информираше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку својот фејсбук-профил. Таа откри дека случајот се однесува на сомневања за фалсификување на документација со цел незаконска легализација на објекти и го поврза директно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Слични содржини