СДСМ најавува победа во Центар, Крива Паланка, Богданци…

Запрашан за ситуацијата во Град Скопје, генсекот на СДСМ вели дека засега немаат доволно информации за да споделат со јавноста.

од Nikola Popovski
121 прегледи

СДСМ вечерва соопшти дека нивната партија води и ќе победи во општините Центар, Крива Паланка, Чешиново Облешево, Кривогаштани, Богданци и Пробиштип. Според генералниот секретар на партијата, Саша Димитријевиќ, тесна битка се води во Валандово, Неготино, Македонска Каменица, Ранковце и Лозово.

-Водиме и во Дојран, но најверојатно таму ќе има втор круг, рече Димитријевиќ. Тој додаде дека во споредба со ланските парламентарни избори, во секоја општинска организација имаат подобар резултат.

Запрашан за ситуацијата во Град Скопје, генсекот на СДСМ вели дека засега немаат доволно информации за да споделат со јавноста.

СДСМ во моментов има градоначалници во 16 општини.

Слични содржини