СДСМ најавува втора верзија од „бомбите“ и тврди доколку во Србија има избори напролет, тоа ќе ја очекува и Македонија

„Грујо, Мицко и ВМРО-ДПМНЕ немаат луксуз да го дочекаат падот на српскиот режим, затоа што ќе се откријат сите сите нивни поврзаности со ДПМНЕ и вмешаноста во многу приказни“, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
10 прегледи

СДСМ преку соопштение се огласи за вчерашните пораки на премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека не е време за предвремени парламентарни избори, иако партиски тоа и одговара на ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на партиските анкети.

-„Вчера“ започна реконструкцијата на Владата, на јавноста одамна позната како обично шминкање. Модел кој Вучиќ го користи со години. По реконструкцијата, со некакви чудни дополнителни објаснувања, следат најави за избори и нивно распишување. Овој српски, „Вучиќ модел“ денес го гледаме во Македонија, истакнуваат, меѓу другото, од СДСМ.

Партијата ги споредува случувањата во Македонија и Србија и наведува дека во Србија се најавува дека наскоро ќе се објави кој во СКАЈ преписките е означен како „Оскар“, организатор на криминални активности во Србија, но и пошироко на Балканот.

„Кај нас барем е лесно, ние сите знаеме кој е македонскиот „Оскар“. Имаме и мал и голем „Оскар“. Пред неколку дена беше уапсена поради корупција поранешната шефица на европската дипломатија Могерини, позната по тоа што учествуваше во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Доколку во Србија има избори напролет, тоа ќе ја очекува и Македонија. Грујо, Мицко и ВМРО-ДПМНЕ немаат луксуз да го дочекаат падот на српскиот режим, затоа што ќе се откријат сите сите нивни поврзаности со ДПМНЕ и вмешаноста во многу приказни.

На Груевски азилот му зависи од изборите во Унгарија и затоа по секоја цена мора да обезбеди власт во Македонија под негова контрола, како резервна опција за своето престојувалиште. Ученикот Мицко мора внимателно да ја следи ситуацијата, да реагира, да најавува и по потреба да распише избори напролет, доколку тие бидат закажани и во Србија“, потенцираат од СДСМ, додавајќи дека и соседите имаат „бомби“ и ја доживуваат, како што велат, „нашата 2015 година и скандалот со прислушувањето во земјава“.

-Не грижете се, ние повторно сме „двојно подобри“. Кај нас верзија 2.0 штотуку почна да работи.  Повторно е време, како што вчера рече Мицко, да минеме низ „катарза“. Еднаш не ни беше доволно, порачуваат од СДСМ.

Главната причина за ставот на премиерот околу терминот за изборите лежи во економијата, односно во обврската идната година да се вратат значајни износи средства кон странските доверители, што доколку се закажат избори во април идната година на пример, може да го попречи процесот на издавање еврообврзница. Засега, како што вели, тој е фокусиран кон партискиот конгрес што ќе се одржи викендов во Кавадарци, како и на процесот потоа. Тој функционирањето на владината коалиција го оцени како „многу нормално и многу пристојно“.

Слични содржини