СДСМ: Нашата Влада ќе води успешни преговори со ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата

од Nikola Popovski
131 прегледи

СДСМ излезе со соопштение во кое наведува дека со победата на овие избори граѓаните го одбрале патот по кој државата оди уште од 2016 година.

„Тоа е патот напред, европски, патот на економијата и правдата. Народот кажа дека нема веќе назад, поразени се режимските политики на ВМРО-ДПМНЕ кои водат кон изолација, опасност и неизвесност. Решенијата на новите пратеници се издадени, следува формирање Влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните. Нашата Влада ќе води успешни преговори со ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата. Одиме напред, враќање назад нема! Заедно со граѓаните ќе испорачаме уште повеќе и уште подобри резултати“, се вели во соопштението на партијата.