СДСМ не го исклучува Таравари за локалните избори

од Марта Пешевска
240 прегледи

СДСМ не го исклучува Таравари како можен партнер за локалните избори во мултиетничките општини, каде што тој може да донесе дополнителни гласови. Иако партијата не открива детали за преговорите, Филипче потврди дека ќе бара албански партнери, меѓу кои може да биде и Таравари, доколку тој се дистанцира од Вреди. Алијанса ќе настапи самостојно во општините каде не ќе има коалиција. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ го критикува Филипче за неговата блискост со Заев, обвинувајќи го за штетни ставови по македонските интереси. Позициите и кандидатите за локалните избори се очекува да бидат објавени до крајот на месецот.