СДСМ: Не работи единствениот државен ПЕТ скенер – продолжува голготата на онколошките паценти

од Nikola Popovski
58 прегледи

Откако веќе со недели недостасува биолошката терапија на Клиниката за онкологија, сега еден месец не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер, обвинија денеска од СДСМ.

Според Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, поради ова, пациенти од целата земја, чии терапии директно зависат од оваа дијагностичка процедура, се оставени без неопходното скенирање.

-Министерот за здравство, Арбен Таравари и Владата на ДПМНЕ покажуваат целосна неспособност во управувањето со здравствениот систем, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните и пациентите. СДСМ бара одговорност од директорката Невена Маневска и од министерот за здравство, кажа меѓу другото Цветановски.

На Клиниката за онкологија се повторува проблемот со недостиг на лекови, административни и тендерски процедури, и покрај тоа што Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ѝ одобри дополнителни пет милиони евра на оваа клиника за 2024 година. Краток период недостигаа шест лекови. Пациентите бараат надлежните да најдат решение, апелираат во иднина овие лекови да бидат на позитивната листа и да се стави крај на проблемот што се провлекува со години.

За да се стави крај на проблемите што се провлекуваат со години неопходен е регистар на болни од канцер. Така ќе се знае колку пациенти треба да примаат биолошка терапија. Од Фондот велат – не се проблем финансиите, туку Буџетот несоодветно се планирал.

„Да има јасни и транспарентни критериуми за доделување терапија бидејќи и во идеални случаи ќе нема сто посто покриеност на сите пациенти. Треба да биде јасна врската меѓу дијагнозата и терапијата и јасно следење на количините и нивното издавање, тоа е нашата потреба“, изјави Сашо Клековски – директор на ФЗОМ.

Слични содржини