СДСМ не се огради од Андов „Сокол“ туку и го награди да биде член на ИО, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на Мицкоски обвинува дека СДСМ е партија во која цути криминалот и корупцијата

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Локално

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ дека во нивното раководство има луѓе за кои има судски пресуди. Од партијата го споменуваат името на Филип Андов-Сокол.

„Актуелен член на Извршниот одбор на СДС,  Филип Андов – Сокол е осуден на затворска казна. СДС не се огради, туку и го награди да биде член на ИО. СДС е партија во која цути криминалот и корупцијата.

Корупциските скандали на екс владата на СДС и ДУИ, почнаа уште со формирањето на истата, тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски кој договараше набавка за радар за контрола на летање од италијанската фирма Леонардо за корупција од 1 милион евра, е доказ за тоа.

Посебно симптоматичен беше молкот на обвинителство за луксузниот џип на Филипче, имајќи го во предвид фактот дека за ист ваков случај отворило предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски кој добил автомобил од фирма добитник на тендери“, порачуваат од партијата на власт.

Дали да потсетуваме, додаваат од таборот на Христијан Мицкоски, за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, која овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра.

Оваа реакција следува по корупцискиот скандал со директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев кој е уапсен за примање поткуп од 50.000 евра. Анакиев е кадар на социјалистичката партија, каде е и потпретседател. Од СПМ побараа институциите да работат според закон и да ги разоткријат сите случаи на организиран криминал и корупција.

„Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги преземаат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност. Истовремено СПМ жестоко реагира од нападното партиско етикетирање на актуелни случаи со сериозни обвиненија и тенденциозното објавување фотографии со кои се гази врз човековото достоинство“, соопштија од СПМ.

Слични содржини