Социјалдемократскиот Сојуз се откажа од активната регистрација на избирачите, но на сметка на тоа нема да се откаже од целосна теренска проверка на избирачкиот список, пренесува Телма. Опозиционерите и понатаму остануваат на ставот дека двете методологии кои ги предложи Државната изборна комисија нема да овозможат целосна доверба на граѓаните во Избирачкиот список.
Инаку државната изборна комисија понуди а ВМРО ДПМНЕ И ДУИ прифатија избирачкиот список да се пречисти откако електронски ќе се споредат личните податоци на граѓаните кои ги имаат дадено во тринаесет институции.
По ова спорните случаи односно онаму каде податоците нема да се совпаѓаат ќе се излезе на теренска проверка. За СДСМ пак ова е неприфатливо поради што беше обвинета од владеачките партии дека го кочи целокупниот процес.
Инаку пречестувањето на избирачкиот список и независноста на медиумите се двете клучни точки на кои заглави договорот од Пржино, и неизвесно е кога ќе продолжат преговорите.
Многу од роковите пропишани во него се пробиени меѓу кои и пречистувањето на списокот па токму поради ова опозицијата одлучи да не учествува на избори кои би се одржале на 24 април.
извор: Телма