СДСМ нема да предложи свој кандидат за в.д. градоначалник на Кочани

од Nikola Popovski
190 прегледи

Советничката група на СДСМ во Кочани попладнево информира дека нема да истакнува свој кандидат за в.д. градоначалник. Според советниците, ова не е и не смее да биде политичка борба меѓу партиите и советниците во Советот. Сметаат дека поддршка треба да добие оној кандидат кој што ќе го одговори на потребите на граѓаните и потребите на жртвите на настраданите во трагедијата во „Пулс“.

Советниците истакнуваат дека нема да учествуваат во изборот на функционери и директори во локалната самоуправа. Бараат новиот в.д. градоначалник да има јасна агенда за реализација на барањето на граѓаните.

-Во Кочани нема простор за политичка пресметка или себепромоција на ниту еден поединец или партија. Ги повикуваме сите советници во обединување за функционална општина, кажаа советниците кои се дел од СДСМ во изјава пред гласањето на Советот на општината.

Слични содржини