СДСМ нема да учествува во работата на Собранието?

од desk3
83 прегледи

Битката за одбрана на СЈО најверојатно ќе се прошири и во парламентот, а потребата од неа особено се зголеми по вчерашните напади врз оваа институција во обраќањето на претседателот Иванов- пишува DW.

sobranie-telma_0

Опозицискиот СДСМ се очекува денеска на прес-конференција да се изјасни за барањето на „Шарената револуција“, која ги повика пратениците да не учествуваат во работата на Собранието, сѐ додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и сѐ додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите за излез од политичката криза.

(ВИДЕО+ФОТО) Во обраќањето на Ѓорге Иванов познати партиски ставови

 

Денеска околу пладне повторно ќе седне на маса и меѓупартиската работна група, чии разговори беа прекинати на 16-ти јуни, поради несогласувања околу прочистувањето на Избирачкиот список и спроведувањето на неопходните медиумски реформи. Со оглед дека продолжуваат меѓупартиските преговори врз основа на пржинската платформа, и дека враќањето на опозицијата во Парламентот беше една од клучните обврски во Договорот, во овој момент повеќе од сигурно е дека пратениците на СДСМ нема трајно да го напуштат Собранието, односно да поднесат оставки на функциите. Најверојатно ќе се решат на друга форма на притисок – времено неучествување во работата на Парламентот, се до исполнувањето на барањето Уставниот суд да се изјасни за уставноста на законот за СЈО.

0,,17669134_404,00

Потребата за институционална и граѓанска одбрана на СЈО, уште повеќе се зголеми по синоќешното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов до граѓаните, во кое, несвојствено за функцијата и за речникот на еден претседател, тој изрече серија тешки обвинувања и навреди на адреса на СЈО. Ја обвини оваа институција дека „врши селективен прогон кон само една политичка структура“, дека „е во функција на продлабочување на кризата“ и „инструмент за уцена“.

„Селективниот прогон на СЈО создаде мачна атмосфера во општеството. Наместо Специјално обвинителство добивме селективно обвинителство“, беа дел од обвинувањата на Иванов.

Повеќе ТУКА

Слични содржини