Градоначалникот Стојкоски пред изборите се жалеше дека општината е превработена и презадолжена, и одма штом седна во градоначалниката фотеља експресно најде приближно 10 милиони денари за 18 партиски вработувања, истакна Лиле Павлевска од ОО СДСМ Ѓорче Петров.
„Во овие скандалозни вработувања е и ангажманот на старосватот на градоначалникот, Драган Трпески, со што Алксандар Стојкоски директно ја злоупотребил службената положба доведувајќи свои роднини на привлечни и влијателни функции. Уште посомнително е што старосватот Трпески е поставен на позиција советник за јавни набавки преку кого ќе одат сите договори и тендерирања во општината“, наведе Павлевска.
Таа додаде дека ова е директен непотизам и е во спротивност со Законот за спречување на корупција и судирот на интереси.
„Затоа СДСМ Ѓорче Петров ќе поднесе преставка до Државната комисија за спречување корупција да поведе постапка за да се утврди дали имало влијание на градоначалникот Стојкоски на вработувањето на неговиот старосват“, заклучи Павлевска.