„ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 10 години парите на граѓаните ги трошеше на луксуз, лажен барок и богатење на поединци, оставајќи зад себе сиромашни и задолжени граѓани и држава, продолжува да шири лажни вести“, стои во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту една лажна вест, ниту една манипулација на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие фактот дека и јавниот и државниот долг во 2017 година бележат пад и дека тоа е прво годишно намалување на јавниот и државниот долг од 2009 година па до сега.