ВМРО-ДПМНЕ 11 години непромислено и преку избрзани, неодговорни и несоодветни проекти, предизвикуваше штети во образованието. Доказ за тоа се и многуте рангирања на престижни светски институции и организации кои образованието во Македонија редовно го сместуваа како едно од најлошите во Европа. Владата предводена од СДСМ веднаш започна да ги поправа штетите кои ВМРО-ДПМНЕ им ги нанесе на учениците, наставниците, професорите и образовниот систем, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Учениците се ослободени од непотребното екстерно тестирање коешто ги тероризираше и нив, и нивните наставници и родителите. Санирани се штетите од милионските долгови направени за неплатена струја во студентските домови. Новата Влада предводена од СДСМ на барање на студентите ги активира родовите студии и студиите за безбедност и евроинтеграции коишто беа стопирани од претходната власт, а на барање на Универзитетот кое се поклопува со ставот и одлуката на Влада, нема да има дисперзирани студии, за коишто значително беше намален интересот за студирање“, додаваат од таму.
Оваа година, на студентите од еднородителски семејства ќе им биде овозоможено поевтино студирање на одредени студиски програми за кои ќе плаќаат само половина од партиципацијата, соопштија од СДСМ.