СДСМ: Новите антикризни мерки веќе даваат резултат

од Vladimir Zorba
186 прегледи

„Новите 26 антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ во вредност од 400 милиони евра веќе даваат резултат“, соопштија утрово од партијата на власт.

„Ефикасност во реализацијата и примената на антикризните мерки доведе до намалување на цената на горивата, безинот се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

Ова е резултат на дел од мерките за намалување на ДДВ и акцизата за горивата.

Стабилна е цената и на основните прехрамбени производи.

Во време на најголема криза го штитиме стандардот на граѓаните и економијата и обезбедуваме поддршка на компаниите“, додаваат оттаму.