СДСМ: Од „Белата палата“ тврдат дека се загрижени за граѓаните, а го блокираат законот за задолжување во ЕБОР

од Nikola Popovski
122 прегледи

СДСМ обвинува дека во време на глобална економска и енергетска криза, ВМРО-ДПМНЕ се однесува несериозно и неодговорно.

-Од една страна од Белата плата тврдат дека се загрижени за граѓаните во време на криза, а од друга страна го блокираат законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој кој што обезбедува ликвидни средства за нормално функционирање на ЕСМ, истакнуваа од владеачката партија.

Од „Бихаќка“ додаваат дека владата предводена од СДСМ обезбеди пакет мерки за надминување на кризата во вредност од 750 милиони евра, што претставува 5,5 отсто од БДП и е најголем во споредба со државите од Западен Балкан.

-ВМРО-ДПМНЕ треба да прекине со неодговорното однесување и да застане на страната на граѓаните, апелираат од владеачката партија.