СДСМ: Од денеска домаќинствата може да користат евтина тарифа на струјата

од desk2
131 прегледи

Од денеска, секое домаќинство може да користи евтина тарифа на струјата, секој ден од 14 до 16 часот, како и од 22 часот во сабота до 7 часот во понеделник, се вели во соопштение на владејачкиот СДСМ.

Во него се додава дека тоа ќе значи „пониски сметки за електрична енергија и повеќе пари во семејните буџети“.

„По заокружувањето на промените на локалните избори, таквиот пристап во работата продолжува и на локално ниво, кога новите општински администрации предводени од СДСМ ќе работат одговорно и во интерес на сите граѓани“, се додава во соопштението.