СДСМ: Oд власта излегле со најново „сензационално“ сознание – Бугарите се виновни што нема мазут

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега за поскапувањето на струјата се виновни Бугарите?“, прашуваат од СДСМ

од Nikola Popovski
49 прегледи

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега за поскапувањето на струјата се виновни Бугарите? Или е виновен претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Заев Заев кој 5 години е во полтичка пензија? Дали е виновен некој друг од СДСМ“, велат од најголемата опозициска партија преку соопштение.

Според СДСМ, како што велат, „секогаш некој друг е виновен за криминалот и корупција на ВМРО Ванчовистичка“.

-Сега излегле со најново „сензационално“ сознание: Бугарите се виновни што нема мазут. Виновни се и што поскапе струјата. Наскоро ќе бидат други виновни и што недостига една милијарда евра во буџетот. Добро како гледа ВМРО Ванчовистичка на граѓаните во Македонија? Да не ги гледа со „магарешки уши“? Да не беше тажно — ќе беше навистина смешно, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Владата на редовна седница донесе одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата.

Одлуката е со траење од седум дена од денот на нејзиното влегување во сила. Донесена е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

„Оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надомест, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај до Владата и до Министерство за финансии“, информира владината прес-служба.