СДСМ одговори на обвинувањата на Кочовска Димитреска: Кочовска ги кочеше средствата од Светска Банка

306 прегледи

ВМРО ДПМНЕ и Гордана Кочовска Димитреска се последните кои можат да зборува за справување со последиците од кризата предизвикана од коронавирусот.

Истата таа Кочовска – Димитриеска како дополнителна заменичка министерка за финансии со месеци кочеше заем од Светска банка, средства наменети за инвестиции во здравствениот сектор и за помош на најранливите. Ете зошто Кочовска денеска лаже дека е наводно загрижена за економската и здравствената состојба.

Ако Кочовска и ВМРО-ДПМНЕ не знаат оваа година се случува светска економска криза од која не е поштедена ниту една држава, вклучително и најсилните светски економии.

Проекциите уште на почетокот на кризата беа дека оваа година ќе биде година на рецесија. Владата, надлежните институции стануваат на проекциите дека крајот на годината ќе биде со пад од 4,4 проценти, она што охрабрува е тоа што индустриското производство е во нагорна линија и е во фаза на опоравување.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која цела година ги плаши граѓаните со некакви апокалиптични сценарија, Владата предводена од СДСМ во контиуитет презема мерки за спас на работните места, помош на најранливите со цел брзо надминување на економските последици од коронвирусот.

Во таа насока е и Буџетот за 2021 година кој е развоен, обезбедува стабилизација и нуди можности за рестарт на македонската економија.

Истовремено, граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ не гледаат ништо освен деструкција, а опозициската партија е единствената која се радува што државата е во рецесија.

Инаку, претходно утринава, Кочовска Димитреска обвини дека сме го достигнале дното како држава: политички, здравствено, економски, еколошки. Денес ќе зборувам за економијата, посочи таа. Ветуваа живот донесоа рецесија. Ветуваа економски бум донесоа сиромаштија. Животот го има на прес-конференциите, изјавите, разубавените вести, но во реалноста шамар, изразен во економска рецесија. Рецесијата значи економско фијаско на Заев, истакна на денешната прес-конференција Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини