СДСМ: Опозицијата лаже дека брзата помош се приватизира

од Берта Китинска
158 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно пред граѓаните ја покажуваат својата деструктивност и неодговорност со блокирање на измените на Законот за здравствена заштита и шират лаги дека брзата помош во јавните здравствени установисе приватизира, велт од СДСМ.

-Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата Помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи.Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на Приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно Итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно, посочуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека со овој закон се овозможува и граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита.

-Опозицијата кога беше на власт Итната Помош ја остави со само 5 возила, а лекарите ги доведе на раб на егзистенција и предизвика голем одлив на кадри надвор од земјата.Владата предводена од СДСМ во изминатиот период вложува во опрема, реконструкција на здравствени установи после 70 години, вложува и во медицинскиот кадар. Платите на лекарите се за 40%, а со дежурствата истите се дуплираат.Не е ништо ново ВМРО-ДПМНЕ со помош на Левица да блокира закони кои се во интерес на граѓаните, како и овој Закон за здравствена заштита, велат од СДСМ.