СДСМ: Орбан го фали Мицкоски за “брана од мигранти”, но вистината е сосема поинаква

од Марта Пешевска
48 прегледи

Денес, унгарскиот премиер Виктор Орбан упати пофалби до Христијан Мицкоски, нарекувајќи го „браник од мигранти“ во Европа. Но, реалноста на теренот и фактите кажуваат нешто сосема различно. Ниту Орбан, ниту Мицкоски не се вистинските заштитници на Европа од нелегалните миграции. Уште пред 10 години, Европската Унија, преку агенцијата ФРОНТЕКС, во соработка со Владата на Република Македонија, воспостави заеднички систем за контрола и заштита на јужната граница од бранот на мигранти што пристигнуваа од воените жаришта во Сирија и Ирак. Таа работа ја вршат професионалните служби и институции, а не политичари со празни изјави.

Иронијата е уште поголема кога ќе се земе предвид дека Виктор Орбан, кој успеа да ја задржи Унгарија во рамките на Европската Унија додека применува строги антимиграциски политики, денес го поддржува Мицкоски — политичар кој предлага отворање кампови за одбиени азиланти од Велика Британија на македонско тло.

Додека Орбан ги брани интересите на Унгарија внатре во ЕУ, Мицкоски нуди решенија кои го ставаат македонскиот суверенитет под знак прашалник. Исто така, со неговите економски политики, предвидува задолжување што ќе го плаќаат уште три идни генерации. Во исто време, тој инвестира и отвора компании во Бугарија, додека Македонија ја држи изолирана од европскиот пат. Во последните 11 месеци, нашата држава полека се лизга кон авторитаризам. Демократијата станува само украс, а секојдневниот живот на граѓаните сè повеќе зависи од одлуките на еден човек.

Македонија заслужува подобро. Заслужуваме вистински европски вредности, економска стабилност и лидери кои ќе работат во интерес на граѓаните, а не за лична или странска корист, велат од СДСМ.

Слични содржини