Скандалозно и неодговорно е однесувањето на градоначалникот на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, велат од СДСМ.
-Откако беше фатен како ги крши протоколите за заштита од коронавирусот и ги загрозувајавното зздравје, Пецаков почна да глуми жртва иако факт е дека наместо да биде во изолација додека чекал резултати за Ковид 19, спротивно на протоколите, тој беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици.Пецаков да престане да врши притисок врз институциите, како претходно правеше неговиот шеф Христијан Мицкоски и да преземе одговорност за своите постапки.Секој поединец, кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје мора да одговара без разлика каква функција врши, посочуваат во партиското соопштение.
Пецаков ќе ги тужи Бухова и ДСЗИ за клевета
Тој одговара и на обвинувањата упатени до него од Ирина Бухова, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
-Не сум прекршил ниту еден проткол, ниту свесно сум предизвикал опасност за граѓаните на Македонија. Вие и оној политички менаџмент во ДСЗИ ќе се соочите со кривична пријава за клевети и несовесно работење и ИЗНЕСУВАЊЕ НА ЗАШТИТЕНИ(ЗДРАВСТВЕНИ) ПОДАТОЦИ ВО ЈАВНОСТ преку вашите политички портали. Воедно ве повикувам наместо да се занимавате со мене и со охриѓани да посветите внимание на колапсот во здравството и непособноста да се справите со пандемијата. Вашите грешки чинат животи, а неспособноста на власта Охрид го чини катастрофални резултати во туризмот, вели Пецаков.