СДСМ под посебни истражни мерки за време на кампањата?

од desk2
195 прегледи

Сите носители на изборните листи на СДСМ за време на кампањата биле под посебни истражни мерки, пишува Фокус.

Ова не е прв случај противнички партии на ВМРО-ДПМНЕ да бидат под ПИМ мерки за време на изборни кампањи. Додека ги објавуваше „бомбите“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев истакна за време на кампањата во 2014 година под посебни истражни мерки биле тој и заменик претседателката Радмила Шекеринска.

Претходно, ПИМ мерки беа користени и за лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, кого власта со посебните истражни мерки го слушала пред и по кампањата во 2011 година.