СДСМ: Последниот дебакл на Мицкоски на телевизиски дуел со претседателот Заев уште долго ќе се памети

од Берта Китинска
294 прегледи

Последниот дебакл на извршителот Мицкоски на телевизиски дуел со претседателот Заев уште долго ќе се памети.Од што беше нервозен и напнат извршителот Мицкоски се потеше за време на целата емисија, велат од СДСМ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека извршителот Мицкоски немал став за клучните прашања за иднината на државата.

Не се огради од криминалите на режимот а не смееше да каже еден ниту збор против својот шеф Никола Груевски.Си го покажа своето вистинско лице на човек кој брани криминал, нема став, извршува наредби од Никола Груевски а државата сака да ја врати назад, во темно минато на режим и изолација.Бидејќи претседателот Заев го растури извршителот Мицкоски на дуелот на Канал 5, сигурни сме дека им треба подолго време да се соземат.Нема смисла повторно Мицкоски толку да се поти среде Алфа телевизија.А тв дуели и соочувања, имало и ќе има, велат од СДСМ.

Слични содржини