СДСМ потрошиле над 100 илјади евра за еднодневна журка под превезот за 8 март, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
87 прегледи

СДСМ добро знаат дека договор за паркингот во Клинички нема – вака порачаа од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на најголемата владеачка партија. Додаваат дека колку и да манипулира и да дезинформира, „СДСМ не може да го покрие фактот дека пред два дена, за еднодневна екскурзија во Струмица платиле над 100 илјади евра“.

-Затоа, наместо да манипулира со јавноста за непостоечки теми, ги повикуваме СДС прво да одговорат колку чинеше саботната журка под превезот за 8 Март и од каде им се парите за да ангажираат 60-тина автобуси и комбиња, кои за Струмица возеа празни, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на власт исто така праша дали настанот во саботата во Струмица бил платен, како што велат, со украдените пари на двоецот Заев-Филипче.

СДСМ претходно праша како е можно „министерот за здравство да тврди дека договорот ќе биде на 7-8 години и дека потоа Клиничкиот центар нема да биде таму, кога само пред неколку недели Владата потврди дека нов Клинички центар нема да се гради?“.

СДСМ упати прашања и до премиерот Христијан Мицкоски.

-Дали намерно остава простор за потпишување на договорот кога вели: „предвид ја земаме тендерската спецификација и, се разбира, фирма што нема кредибилитет, нема бонитет, ниту технички карактеристики, нема да биде избрана и тука сето тоа завршува“? Дали тоа значи дека, ако фирмата има бонитет и кредибилитет, овој скандалозен договор треба да се потпише? Зошто Мицкоски не го отфрли веднаш, туку се двоуми? Дали и тој е дел од целата оваа зделка, прашаа меѓу другото од „Бихаќка“.

Министерката Димитриеска Кочоска ги навреди сите жени и треба да биде разрешена, порачаа од Струмица социјалдемократите на осмомартовскиот марш во саботата.

Потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска рече дека е релна заканата од десничарските политики. Според неа, тие сакаат да ги вратат жените назад и им ги негираат правата за кои се избориле. Но, и да ги сведат на улоги што не ги избрале.

Слични содржини