СДСМ: Повеќејазичните табли се поставени одамна, лажни се денешните вести

од desk2
104 прегледи

Неточни се информациите за наводно поставување на нови повеќејазични табли, велат од владејачката СДСМ.

„Информациите за наводно поставување на повеќејазични табли денеска, пред институциите или на патиштата низ државата, се целосно неточни и истите претставуваат класични лажни вести. Повеќејазичните информативни табли и патокази што денеска се објавени во неколку медиуми се поставени многу одамна, а граѓаните извесен период сведочат за нивното постоење“, велат од партијата.

Тие велат дека таблите се поставени повеќе од година и половина, а во прилог испратија и фотографија од мај годинава.

Во неколку медиуми се појави фотографија со која ја поддржуваат веста дека откако вчера беа изгласани измените на Законот за употреба на јазиците денеска, „експресно“ биле поставувани двојазични информативни табли во Скопје.