Реконструкцијата на тротоарите на половина од улицата Владимир Комаров во Стар Аеродром никако да заврши, обвинуваат од СДСМ. Според партијата, повеќе од месец дена трае реконструкција на тротоари во должина од 450 метри во правец, на потегот од бул. Јане Сандански до бул. Васко Карангелевски.
Оттаму посочуваат дека за оваа реконструкција согласно договорот со изведувачот предвидени се 6,8 милиони денари и рок за реализација од 12 месеци.
-Фактот што истовремено се реконструираат тротоарите од двете страни на улицата со несоодветна сигнализација за ограничување на движењето ја нарушува безбедноста пешаците кои секојдневно ја користат улицата.
Во текот на реконструкцијата на тротоарите на повеќе места видно е оштетен и коловозот што дополнително ја нарушува безбедноста при движењето на оваа улица, велат од „Бихаќка“, прашувајќи го градоначалникот Дејан Митески каде заглави реконструкцијата.