130
„Одговорноста за блокадите и хаосот што му се случуваат на Скопје е единствено кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, повторија утрово од Бихаќка.
„Заминувањето на Ленин Јовановски како еден од организаторите на протестите е само провидна игра на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.
И градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот на Град Скопје, и директорите и членовите на управните одбори се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат сите механизми да ја прекинат блокадата и тоа треба да го сторат веднаш.
Мицкоски треба да се покрие од срам за сето она што му го прави на сопствениот град, на своите сограѓани“, додаваат од партијата на власт.