Денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно го поднесе предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани овој пат по редовна постапка.
Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, ова не е политички закон туку ова е човечки закон.
Потенцира дека овој закон не смее да биде предмет на дневно-политички калкулации и тој треба да биде предмет на општествена советст, морална обврска и праведна грижа кон оние кои најмногу страдаат.
-Во оваа трагедија изгубивме 62 млади животи, над 200 наши сограѓани се повредени и некои од нив имаат и трајни последици, тие неможат да чекаат ниту да бидат заборавени. Законот предвидува конкретна поддршка финансиска здравствена поврзана социјална за настраданите лица и членовите на нивните семејства. Претходно законот го поднесовме во скратена постапка и не доби поддршка од мнозинството во парламентот. Ги слушнавме забелешките на парламентарното мнозинство дека треба да има поголема прецизност дека треба подобра проценка на фискалните импликации дека се потребни одредени технички корекции на законското решение и токму во оваа законско решение ги опфативме сите тие забелешки кои што беа досега дадени. Меѓутоа имаме и втора можност а тоа е во редовната постапка да се дебатира з законот, да се поправи, да се доуреди доколку за тоа има потреба во амандманската работа, вели Спасовски.
Овој предлог-закон предвидува за семејствата на починатите надомест од 80.000 евра додека пак сите оние коишто се со повреди, зависно од степенот на инвалидетот, да се одреди сумата којашто треба да ја добијат.
-Секако прифативме тоа што требаше да биде поправено во законот меѓутоа не можеме да прифатиме една работа а тоа е одложувањето и игнорирањето на овој проблем. Затоа што веќе неколку месеци по несреќата не можат луѓето да чекаат без поддршка, ниту пак родителите. Затоа што е важно институционалната поддршка да биде на соодветно ниво. Повредените лица не се само статистика, тоа се млади луѓе, ученици, тоа се семејства чии што живо преки и нивната борба за закрепнување треба да биде борба на сите нас. Би додал тука дека ние треба да имаме борба и за закрепнување на градот Кочани. Затоа ги повикувам сите пратеници во собранието без разлика дали се од партии на парламентарното мнозинство или од парламентарната опозиција да се покаже зрелост, да покажеме дека ова не е натпревар помеѓу партиите туку дека е испит за емпатија и хуманост којшто ќе го положиме. Да покажеме дека пред се луѓе дека знаеме да бидеме луѓе во тешки моменти тогаш кога непотребна поддршка на сите, рече меѓу другото Спасовски на прес-конференција во Собранието.