СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите на болните од канцер

од Љубиша Владимиров
19 прегледи

Пациентите на Клиниката за онкологија се соочуваат со сериозен проблем – повторен недостаток на основни лекови, од кои многумина зависат за спас на животот. Ситуацијата станува критична, а одговорните институции се под лупа.

Согласно последните информации, во текот на оваа недела недостасува важниот биолошки лек Palbociclib, додека и терапијата Bevacizumab (позната како Авостатин) е недостапна. Оваа терапија е клучна за голем број пациенти, кои ја примаат два пати месечно и од која зависи нивното здравје.

СДСМ остро реагираше на овој проблем, потенцирајќи дека „иако Клековски ветуваше дека нема да се повтори недостигот на лекови, актуелната ситуација говори поинаку“. Според опозициската партија, недостигот на овие лекови е директен удар врз здравјето на пациентите, а нивната достапност во 21 век не треба да биде предмет на несигурност.

„Кој е изговорот на Клековски и Таравари сега? Кој ќе понесе одговорност за оваа ситуација? Институциите под раководство на ВМРО-ДПМНЕ се покажуваат неспособни да обезбедат навремена набавка на лекови, а пациентите чекаат со месеци на терапија“, велат од СДСМ.

Партјата истакнува дека „одговорност мора да има“. „Животот на пациентите со рак не смее да биде жртва на неспособноста и неодговорноста на оваа власт“, нагласуваат тие, барајќи итни мерки и конкретни решенија за подобрување на состојбата.

Во светот на медицината, навремената достапност на лековите е од клучно значење, и како што велат од СДСМ, неопходно е да се работи на осигурување на континуирана терапија за оние кои се најтешко болни.

Слични содржини