СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не го блокираа само одморот, тешко им е да работат за граѓаните

од Берта Китинска
195 прегледи

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не го блокираа само одморот. Уживаа цело лето.Сега кога треба да работат за граѓаните им е многу тешко, не им се работи. Да не им треба уште одмор на сметка на граѓаните?прашуваат од СДСМ.

-Запаметено ќе биде ова однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, во време на најголема економска и енергетска криза во светот по Втората светска војна.Најавата дека Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со блокадата на Собранието е показател дека ништо не е променето во оваа партија.Освен блокади на законите за граѓаните и тоа во време на криза, деструкции и предизвикување било каква штета се друго му е тешко на Мицкоски.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не ја научиле лекцијата. Ниту ја примиле пораката од граѓаните кои има ја пратија на вонредните локални избори кога доживеаја пораз во две општини а во третата имаа пад на гласовите, стои во рекацијата на владејачката партија во врска со највената блокада и изјавата на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.