СДСМ порача дека остро ќе се спротивстави на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка. Според партијата, невиден преседан е да се дозволи, како што велат, класичен партиски пиун да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер.
-Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се „многу пари“. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство – човекот кој, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата, порачуваат од „Бихаќка“, потенцирајќи дека Славески е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој беше близок соработник и на екс-премиерот Никола Груевски, министер во неговата влада која ги понижуваше работниците и ги третираше како ефтина работна сила.
СДСМ информира е длабоко разочаран и од полтронскиот однос на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
-Нејзиното потклекнување пред барањата на Мицкоски е доказ дека ниту некогаш била независна, ниту пак во иднина ќе донесе независна одлука. Таа, како и сите претходни претседатели избрани од ВМРО-ДПМНЕ, е тука само за да исполнува партиски наредби. Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски, стои во партиското соопштение.