Неусловената препорака за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија што Македонија ја доби од Европската Комисија е потврда за успешноста на реформскиот процес што Владата предводена од СДСМ го води во последните 10 месеци, сметаат од владејачката партија.

„По две условени препораки, Македонија повеќе не е категоризирана како заробена држава, туку како држава која преку започнатите реформи повторно се враќа онаму кадешто и вредносно и цивилизациски припаѓа – во друштво на модерните, напредни и развиени европски држави“, се вели во соопштението.
Позитивниот извештај на Европската Комисија и дадената препорака за членство претставува дополнителен импулс во натамошното спроведување на зацртаните реформи, на мерките за подобар живот, во интерес на Македонија и нејзините граѓани, велат од партијата.