СДСМ: Причините за бегањето на Котевски од МВР јавноста дополнително ќе ги дознае

од desk3
103 прегледи

“Трансферот на Иво Котевски од помошник на министерот за внатрешни работи на челната позицијата во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди досегашната партизираност на МВР”-  наведува СДСМ во своето соопштение.

sdsm-shtip

“Министерството за внатрешни работи во изминатиот период функционираше како партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ, или како  МВРО-ВМРО по признанието на Гордана Јанкулоска. Причините за бегањето на Котевски од МВР пред доаѓањето на новиот министер за внатрешни работи, јавноста дополнително ќе ги дознае. Клучно за нормализирање на институциите во Македонија е сите оние кои ги прекршиле законите и биле вмешани во криминал, корупција и други недозволени активности да понесат одговорност“- се вели во соопштението .