СДСМ прифаќа укинување на „балансерот“

од Nikola Popovski
38 прегледи

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска информира дека и социјалдемократите ја поддржуваат идејата за укинување на балансерот, алатката за правична и соодветна застапеност во јавната администрација.

„И ние сме за укинување на Балансерот. Балансерот мора да претстави соодветен систем на надградување, но со строги критериуми. Од друга страна, треба да оставиме Уставниот суд да ги носи одлуките и ниту една политичка партија да не се меша во донесувањето на оваа одлука“, рече Лукаревска во емисијата „Дејли Клик“.

Лукаревска зборуваше и за проблемот со Бугарија и актуелната реторика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон источниот сосед.

„Рамката е на ЕУ, а не е билатерално прашање. Се согласуваме сите политички фактори дека патот кон ЕУ не бил никогаш фер, ниту лесен, или без пречки конректно за Македонија. Ако видиме она што се случи на парламентерните избори за евроскептицизмот кој беше евидентен на сите можни наши анкети, народот е доста изморен од доста било какви сопки понатаму. Ако се донесеа уставните измени, ние ќе го продолжевме патот кон ЕУ, и затоа толку инсистиравме за да се отворат уставните измени, и потоа да се отворат поглавјата и да бидеме дел од ЕУ. Бранот на она дека ништо не прифаќаме под бугарски диктат, и кампањата која се водеше од тогашната опозиција, и сега гледаме една друга реторика, и да сфатиме дека европски ќе мора да бараме решение на проблемот и поддршка од ЕУ“, изјави Лукаревска.

Слични содржини