
Доколку Љубен Арнаудов и неговите сопартијци навистина се грижеа за интересите на граѓаните, одамна ќе ја увидеа реалната состојба и ќе инсистираа на одговорност за промашувањата во изведбата на автопатот Кичево – Охрид, но и на одговорност за провизиите од автопатите за кои слушна целата јавност, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Но наместо тоа, Арнаудов како и досега, продолжува да работи на штета на граѓаните и исклучиво во заштита на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Таканаречените проекти на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата се симбол за криминал, корупција и неспособност. Доказ за тоа се истрагите и обвиненијата за автопатите Миладиновци – Штип, Демир Капија – Смоквица, како и за споменатиот автопат Кичево – Охрид, каде што огромните пропусти во проектирањето и изведбата нанесоа огромни штети врз угледот на Македонија и за чие што санирање дополнително ќе се потрошат над 100 милиони евра пари на граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.